Дома Фудбал Поранешни судии: Ако Реал добиеше пенал со Атлетико ќе беше голема неправда

Поранешни судии: Ако Реал добиеше пенал со Атлетико ќе беше голема неправда

Реал Мадрид денес со голот на Бензема во финишот од натпреварот се спаси од пораз против Атлетико Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Предмет на коментирање после мечот е ситуацијата кога Фелипе играше со рака во сопствениот шеснаестник, но главниот судија не се реши да покаже на белата точка.

Поранешните судии и денес редовни аналитичари Итуралде Гонзалес и Андухар Оливер сметаат дека правилна била одлуката да не пенал.

„Фелипе скокна да ја удри топката со глава, рацете му беа во природна позиција за време на скокот и додека паѓаше. Во ниту еден момент не го направи своето тело поголемо. Играњето рака не беше намерно и ова не може да е пеналк“, прача Гонзалес.

Слично мислење има и Андухар.

„Не играше намерно со рака, Фелипе не ја ни гледаше топката. Ако тоа беше пенал ќе беше голема неправда“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …