Дома Останати Тенис Поранешниот шпански тенисер го предупреди Ѓоковиќ: Не брзај!

Поранешниот шпански тенисер го предупреди Ѓоковиќ: Не брзај!

Николас Алмагро, поранешниот шпански тенисер, се сомнева дека Новак Ѓоковиќ ќе се опорави од повредата на коленото.

Алмагро, кој своевремено беше деветти во светот, имаше слични искуства со повредата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој во својата колумна за „Релево“ вели дека Федерер бил опериран во 2021 година, по што никогаш не се вратил на теренот.

“Во слична ситуација го скинав менискусот. Требаше да играм бекхенд против Дел Потро и само почувствував блокада. Потезите што ги правев беа многу слични на оние на Ѓоковиќ. Отпрвин не чувствував ништо, но кога стапнав назад, почувствував нестабилност и не можев да продолжам. Не би рекол дека се повлеков од тенисот поради повреда, туку поради оваа повреда!“, вели Алмагро.

„Кога го видов Ѓоковиќ, ми беше јасно дека тоа е менискус. Мислам дека нема да биде на Вимблдон, ќе видиме дали ќе настапи на Олимписките игри.

Не треба да брза, бидејќи иако се чини дека оваа повреда е лесна за лекување, тоа не е баш така. Гледате го Федерер кој имаше слична повреда. Тој имаше операција на коленото и заврши во пензија. Изгледа едноставно, но треба да се внимава работите да не се искомплицираат“, заклучи Алмагро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…