Дома Фудбал Останато Поранешниот тренер на Динамо и официјално стана бегалец

Поранешниот тренер на Динамо и официјално стана бегалец

Поранешниот стратег на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ до полноќ требаше да се пријави во затвор за издржување на казната откако беше осуден на четири години и осум месеци поради финансиски малверзации во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој не се појави во затворот, па така и официјално стана бегалец. Следен чекор на хрватските власти ќе биде распишување на меѓународна потерница по него. Неодамна Мамиќ побара да ја отслужи затворската казна во Босна, но неговото барање беше одбиено.

Ќе потсетиме неговиот брат, Здравко претходно исто така беше осуден на затворска казна, меѓутоа и тој веднаш побегна во Босна за да не оди зад решетки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…