Дома Фудбал Поранешниот помошник тренер на Барса: Плачевме во соблекувалната, а тогаш судијата дојде и ни се извини

Поранешниот помошник тренер на Барса: Плачевме во соблекувалната, а тогаш судијата дојде и ни се извини

barcelona

Барселона во последното коло од Ла Лига во 2014 година играше против Атлетико Мадрид.

Атлетико пристигна на „Ноу Камп“ со три бода предност, на Барселона победа и носеше титула. Прв пат од 1951 година и трет пат во историјата на шпанската лига во последното коло шанса за титула имаа тимови кои играат меѓусебно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот заврши 1:1, Атлетико ја освои титулата после 18 години.

Каталонците стигнаа до предност преку Алексис Санчез, Диего Годин постигна гол за 1:1, а на Меси во 63 минута му беше поништен гол поради офсајд. Доколку тогаш Шпанците имаа ВАР, Барселона веројатно ќе беше шампион. Матео Лахоз би ја погледнал снимката и би видел дека Меси не можеше да биде во офсајд бидејќи топката се одбива од ногата на играчоте на Атлетико.

На таа ситуација се потсети, Елвио Паолоросо, помошникот на тогашниот тренер на Барселона, Тата Мартино.

„Лахоз ни се извини бидејќи го поништи голот на Меси. Плачевме во соблекувалната, а тогаш влезе тој и ни се извинуваше. Со тој гол ќе бевме шампиони“, изјави Елвио Паолоросо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…