Дома Фудбал Англија Поранешниот напаѓач на Јунајтед: Само Ибрахимовиќ може да не спаси

Поранешниот напаѓач на Јунајтед: Само Ибрахимовиќ може да не спаси

Клајтон Блекмор, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед тврди дека Златан Ибрахимовиќ е единствениот човек кој може да ги спаси „црвените ѓаволи“:

Велшанецот во Јунајтед помина 12 години и играше од 1982 до 1994 година. Во тој период собра 162 настапи. Сега за англиски „Мирор“ истакна дека според него единствено решени за Јунајтед е да го доведе Ибрахимовиќ. Швеѓанецот беше одличен во Јунајтед во сезоната 2016/2017 кога постигна 28 голови во сите натпреварувања. Во 2018 година Ибра премина во МЛС каде што е една од најголемите ѕвезди и игра одличен фудбал иако има 38 години.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ни недостасува напаѓач кој може да смири долга топка и да постигнува голови од нафрлувања. Оваа сезона само Ибрахимовиќ може да не спаси. Тој е веројатно најдобриот напаѓач од тој тип кој може да го имете. Со текот на годините не напуштаа добри напаѓачи, а не доведовме нивни замени. За Ибрахимовиќ воопшто не треба да се размислува. Не трча многу на теренот, но е и тоа како добар“.

Клајтон не би имал ништо против Јунајтед да го доведе и Левандовски

„Тој е совршен исто така. Тешко е да се бара доведување на таков играч, но тој е играч кој може да промени многу нешта’, изјави поранешниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…