Дома Македонски спорт Поранешниот македонски репрезентативец се врати во Хрватска

Поранешниот македонски репрезентативец се врати во Хрватска

Eксмакедонскиот репрезентативец, Леонард Жута е нов член на хрватскиот Шибеник.

31-годишниот дефанзивец со хрватскиот клуб потпиша договор на една година со можност договорот да биде продолжен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Среќен сум што доаѓам во Шибеник каде што досега многупати сум играл од спротивната страна. Дојде време да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека ова е клуб со богата традиција и се радувам на новиот предизвик“, изјави Жута.

Претходно во хрватска Жута го носеше дресот на Ријека од 2015 до 2019 година, а успеа да дојде и до две шампионски титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…