Дома Фудбал Англија Поранешниот играч на Јунајтед: Луиз и Сократис се лоши дефанзивци

Поранешниот играч на Јунајтед: Луиз и Сократис се лоши дефанзивци

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, пред натпреварот на Олд Трафорд зборуваше за лондонскиот клуб.

Арсенал и синоќа прими гол и со тоа дојде до бројката од 11 примени погодоци во последните шест натпревари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Давид Луиз и Сократис повторно беа стартери за лондонскиот тим, но Кин пред почетокот на натпреварот изјави дека тие не се добар тандем.

Откако двајцата играчи играат заедно во тандем, Арсенал на три натпревари прими по два гола, на два натпревари прими по еден гол, а од Ливерпул прими три. Само во првото коло против Њукасл ја сочува мрежата, но тогаш во друштво на Сократис играше Чемберс.

„Без разлика колку сте добар тренер. Ако имате играчи кои не можат да се бранат, ќе допуштите да примате голови.“ – изјави Рој Кин за Скај Спорт.

„Се уште мислам дека кичмата на Арсенал е многу слаба, така да без разлика колку сте добар тренер, тие слабости се тука.“

„Ги гледате нивните стопери, не е важно кој ги тренира, нема да се подобрат дефанзивно, бидејќи мислам дека не се добри стопери.“ – додаде Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…