Дома Трансфер зона Лани кажа дека никогаш нема да игра во Грција, па потпиша за Олимпијакос

Лани кажа дека никогаш нема да игра во Грција, па потпиша за Олимпијакос

Грчкиот фудбалски гигант Олимпијакос соопшти дека потпишал договор со Сократис Папастопопулос.

Сократис во редовите на Олимпијакос доаѓа од Арсенал откако истече неговиот договор со „топџиите“. Од поодамна тој беше отпишан на „Емирати“ и само беше прашање каде ќе ја продолжи кариерата. Имаше многу понуди, блиску беше до Лацио, се поврзуваше со Ливерпу, на крајот ќе игра во Олимпијакос.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


32 годишниот стопер одигра 90 натпревари за репрезентацијата на Грција и постигна три гола. Пред Арсенал беше во Борусија, Вердер, Џенова, Милан, АЕК…Она што е интересно е што навивчаите на Олимпијакос го навредуваа Сократис на минатогодишниот натпревар на Арсенал со овој тим во Лигата на Европа. Тогаш Сократис изјави дека никогаш нема повторно да игра во Грција и попрво би се решил за Кина или МЛС.

Во Олимпијакос тој ќе заработува 1.5 милион евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…