Женската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа првиот пораз од селекцијата на Израел во последното коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраничките на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одигравме добар и борбен натпревар, можеме да жалиме за пропуштените прилики на денешната средба. Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.
Противникот во 52. минута од мечот го отвори резултатот преку Биру. Лора Сулејмани во 72. минута постигнува гол за израмнување на резултатот. Во 83. минута, Биру со својот втор гол ги поставува конечните 2:1 на денешната средба.
Во моментов сме и лидери кога станува збор за второпласираните селекции, но треба да завршат и останатите групи.
Македонија: Кабакчи, Сулејмани, Головска, Мојсоска, Блажевска, Меијер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;
Селектор: Астрит Мерко;