Дома Трансфер зона Познато со кои клубови денеска ќе разговараат Раиола и таткото на Халанд

Познато со кои клубови денеска ќе разговараат Раиола и таткото на Халанд

Мино Раиола и таткото на Ерлинг Халанд денеска се во работна посета на Шпанија каде ќе разговараат со челниците на Барселона и Реал Мадрид.

Норвежанецот на крајот од оваа сезона веројатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а Раиола и неговиот татко веќе започнаа да разговараа со заинтересираните клубови.

Тие денеска прво допатуваа во Барселона каде ќе се сретнат со Хуан Лапорта, а потоа ќе продолжат за Мадрид на состанок со Флорентино Перез.

Но, тоа не е се. Раиола и Халанд постариот веќе утре се на пат за Англија каде ги чека многу работа.

Имено, тие утре имаат договорени состаноци со челниците на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челси, каде ќе слушнат што овие клубови нудат за младиот напаѓач.

Од Дортмунд порачаа дека не сакаат да го продадат Халанд ова лето, но се чини дека скоро невозможно е да го задржат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Руни жестоко удри по Манчестер Јунајтед: „Многу од овие играчи не се доволно добри“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, жестоко го критикуваше составот на клубот, дов…