Еден Азар би можел да го комплетира својот трансфер во Реал Мадрид уште овој викенд.
Зинедин Зидан сака да го доведе Белгијанецот на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, а Азар е подготвен да се придружи на својот идол во Мадрид. Челзи се помири со тоа што ќе го загуби својот напаѓач, кој ќе стане клучна точка во реконструкцијата на Реал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шампионот на Ла Лига веќе го осигура потписот на два нови играчи пред отворањето на трансфер периодот. Договор за Родриго Гуес веќе е договорен минатото лето. 18-годишниот напаѓач го чинеше „Кралскиот“ клуб 40 милиони фунти, а ќе пристигне во јуни на шестгодишен договор.
Од тогаш, Реал ја засили и одбраната со доведувањето на 21-годишнито Едер Милитао. А сега, според пишувањето на угледниот шпански весник „Марка“, Азар ќе биде именуван како трето засилување на Реал пред летниот трансфер период. Тој ќе пристинге пред новата сезона, а извештаите велат дека трансферот на 28-годишниот би можел да биде завршен во следните денови.
Сите три страни – Реал, Челзи и Азар наводно имаат договор на кој се работело неколку месеци. Зидан кога се вратил во Реал наводно од Флорентино Перез побарал доведување на Азар. Челзи веќе го обезбеди доведувањето на Пулишиќ од Дортмунд во обид да ја пополни дупката која ќе ја направи Азар.