По одигрувањето на претпоследното коло во СЕХА-лигата, станаа познати полуфиналните двојки на фајналфор-турнирот, што од 13 до 15 април ќе се игра во салата “Јане Сандански“ во Скопје.

Според пласманот 1-4 и 2-3, во полуфиналето ќе играат:

Вардар – Мешков Брест

Цеље ПЛ – ППД Загреб

.Инаку, во СЕХА-лигата е јасен и конечниот пласман на скоро сите екипи. Екипата на Горење Велење е дефинитивно петта, Татран Прешов е шести, а Металург седми. Војводина е дефинитивно последна, додека за осмото и за деветото место ќе решава директната пресметка меѓу екипите на Нексе и на Динамо Панчево во последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…