Вечерва во Полска тимот на Пелистер ќе ги одмери силите со Лех Познањ во првото коло од квалифкациите на Лига Европа. Покрај случувањата на теренот, се очекува да биде интересно и на трибините.
Околу 40 навивачи од Битола се упатија кон Познањ, каде ќе добијат и екстра засилување од навивачите на Белчатов од Полска. Според најавите околу 100 Полјаци ќе му дадат поддршка на Пелистер среде Полска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова се должи благодарение на дружбата помеѓу двете групи, а пред десетина денови Чкембари исто така беа во Полска, каде уествуваа на меморијалниот турнир „Torfiorze Cup 2017“ организиран токму од Белхатув во Полска.
Домашниот тим пак на својата „Инеа стадион“ очекува поддршка од 30.000 навивачи. Средбата започнува во 20:45 часот.