Хрватска ја победи Полска со 1:0 во 2. коло од Лигата на нации во Осиек со прекрасниот гол на Лука Модриќ во 51. минута од натпреварот.
Хрватска ја постигна првата победа во групата откако во четвртокот загуби на гостувањето кај Португалија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако хрватските репрезентативци не можеа да најдат начин да ја пробијат цврстата одбрана на Полјаците во првото полувреме, во 52. минута хрватскиот капитен Лука Модриќ на мајсторски начин погоди за 1:0.
Бруно Петковиќ доби слободен удар на работ од шеснаесетникот, а Модриќ, кој денеска го слави 39-от роденден, на фантастичен начин му ја смести топката во мрежата на полскиот голман Скорупски.
Ова беше 27-ми гол на Модриќ за репрезентацијата во 180 настапи. Голот погледнете го ТУКА