Дома Македонски спорт Мак ракомет Повторно одложен натпреварот ПСЖ – Вардар

Повторно одложен натпреварот ПСЖ – Вардар

Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар 1961 закажан за 9 февруари 2021 е одложен и ќе се игра во друг термин.

Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од Европска Унија (задолжителен карантин при пристигнување).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во Франција.

Средбата беше закажана за 9 февруари 2021 година во 18,45 часот. ЕХФ и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…