Дома Топ вести Повеќе нема дилеми: Ибра кажа ДА

Повеќе нема дилеми: Ибра кажа ДА

Златан Ибрахимовиќ ги реши сите дилеми за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, така тврдат италијанските медиуми.

Како и што се очекуваше, Милан беше фаворит за неговиот потпис, а последните информации од Апенините говорат дека Ибрахимовиќ кажал ДА на понудата на „росонерите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милан подолго време беше во преговори со Ибрахимовиќ и му понуди 6-месечен договор со можност за продолжување на уште една година.

Се очекува во наредните денови Ибра да се врати во Милано и да го потпише договорот со миланскиот гигант. Тоа за него ќе биде враќање во клубот каде настапуваше од 2010 до 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…