Во средата хрватски Осијек одигра пријателски натпревар во кој победи со 16:0 против нисколигашот од Австрија ФК Раифајзенбанк. Но, по овој натпревар италијанскиот тренер на клупата на хрватскиот клуб, Федерико Копители бил незадоволен од одредени работи.
По победата фудбалерите требало да имаат слободен ден, сепак како казна морале да се појават на тренинг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прво во долг монолог Копители им објаснил дека е незадоволен од нивното однесување на теренот и тактичката неодговорност која ја покажале. Исто така им потенцирал дека во иднина такво однесување нема да толерира.
По одржаниот монолог фудбалерите биле испратени да работат кондициски тренинг.