Денес се одиграа пет натпревари од првата македонска фудбалска лига.
Најголемо внимание привлекуваше средбата помеѓу Шкендија и Силекс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкендија беше голем фаворит најмногу поради актуелната форма против Силекс. Силекс три натпревари во низа запишуваше порази, додека Шкендија игра во добра форма и е лидер. Меѓутоа гостите од Кратово денес се враќаат со бод од Тетово. Шкендија до водство стигна во првото полувреме, а покрај водството тие имаа и играа, создаваа шанси.
Сепак, не ги искористи, а Силекс тоа го казни во финишот од полувремето кога успеа да го изедначи.
Во воторото полувреме Силекс во 59. минута остана и без Кристијан Костовски кој заработи црвен картон. И тоа не беше доволно за Шкендија да го скрши отпорот.
Малку недостатуваше Беласица да ја изненади Ренова. Беласица водеше се до 94. минута кога Ренова изедначи. За Беласица ова е прв бод, во претходните седум натпревари имаа седум порази.
Во останатите натпревари Македонија Ѓ.П со 2:0 славеше против Струга Трим Лум, Шкупи со 3:0 го совлада Борец, додека Работнички и Академија Пандев одиграа 0:0.