Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар го доби дербито со Шкупи и заедно со „пандевци“ побегнаа на +9, Шкендија подобра од Работнички

ПМФЛ: Вардар го доби дербито со Шкупи и заедно со „пандевци“ побегнаа на +9, Шкендија подобра од Работнички

pmf

Денес во рамките од 23-тото коло во македонската прва лига беа одиграни пет натпревари.

Вардар во градското дерби беше домаќин на Шкупи и ова беше натпревар на две екипи кои се борат за позициите кои носат излез во Европа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На крајот натпреварот го доби Вардар минимално со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Дарко Мицевски од пенал во 20-тата минута.

Оваа победа на Вардар одеше во прилог и на Академија Пандев, тим кој има исто бодови како и Вардар (42). Победата на „пандевци“ ја обезбеди Дориев со головите во 22-та од пенал и во 55-тата минута.

Со оваа победа Академија Пандев и Вардар побегнаа на девет бода во однос на четвртопласираниот Шкупи.

Лидерот Шкендија како и Вардар запиша минимална победа. Клубот од Тетово беше подобар од Работнички со 1:0. Одлучувачкиот гол беше дело на Жуниор во 54-тата минута.

Во останатите два натпревари Ренова славеше против Победа на гости со 2:3, додека Македонија Ѓ.П беше подобра од Беласица со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…