Дома Фудбал Останато Плановите на француските ѕвездите на Сити и Јунајтед нема да им се допаднат на навивачите од овие екипи

Плановите на француските ѕвездите на Сити и Јунајтед нема да им се допаднат на навивачите од овие екипи

Утре на распоредот е големото манчестерско дерби во кое лидерот на табелата во Премиер лигата ќе го пречека Јунајтед.

Натпреварот на „Етихад“ е закажан за 17 часот и до 19 часот истито ден фудбалерите на Сити и Јунајтед ќе бидат големи ривали, но по судискиот свиреж ѕвездите на овие два клуба, барем оние француските, повторно ќе бидат големи пријатели.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, ЕСПН соопшти дека Французите на овие две екипи веќе закажале забава во Париз, во недела навечер, без огелд на исхото од манчестерското дерби.

Така да играчите на Јунајтед, Погба и Марсијал и играчот на Сити, Бенџамин Менди веднаш по натпреварот со приватен авион ќе отпатуваат за Париз каде што ќе го прослават роденденот на непознат пријател.

Познато е дека Менди и Погба се пријатели од рана младост, а тие двајца заедно со уште неколку играчи на Јунајтед и Сити, како Бејли, Фелаини и Марез често може да се видат заедно во локалите во Манчестер.

Сепак, јасно е дека навивачите на Сити и Јунајтед ќе имаат малку повеќе ривалство меѓу играчите од двата клуба, барем пред и веднаш по дербито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јаал потврди дека е крај, а потоа младата дама му покажа колку е небитен

Ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, денес јавно објави дека тој и поп-ѕвездата Ники Никол…