Jирген Клоп од јануари ќе се врати на фудбалот и тоа како „шеф на фудбалските операции“ во Ред Бул, а медиумите веќе пишуваат за плановите на германскиот стратег.
Претходно се пишуваше дека за Лајпциг кој е најголемиот проект на компанијата би можел да се обиде да го доведе Арда Ѓулер кој е фудбалер со голем потенцијал, но не добива минјутажа каква што посакува во Реал Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега се пишува и дека Клоп пикирал две имиња од школата на Барселона. Станува збор за Алеш Гаридо и Ноа Дарвих.
Новинарот Себастијан Видал пренесува дека во својот бележник Клоп има и други фудбалери, меѓутоа се издвојуваат споменатите двајца. Алеш Гаридо е фудбалер кој има 20 години, додека Дарвих е две години помлад.
Овие двајца веројатно би биле опција за Лајпциг или Салзбург.