Јувентус синоќа во Торино е поразен од Милан со 3:0 во големото дерби на 35. коло во италијанската Серија А.
Тимот на Андреа Пирло одигра катастрофален натпревар. Бјанконерите скоро и да не заканија по голот на Росонерите, кои на крајот заслужено славеа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пирло после натпреварот ја прифати одговорноста за поразот, но верувал дека неговиот тим ќе одигра многу подобар натпревар.
„Тимот изгледаше добро во текот на неделата. Имавме вистински пристап и бевме сконцентрирани. Бевме убедени дека ќе одиграме добар натпревар.“ – рече Пирло и додаде:
„Оставка? Не, не се откажувам. Дојдов овде со голем ентузијазам и покрај бројните потешкотии. На располагање сум на клубот. Имаме уште три натпревари и ќе останам овде додека можам.“
Тимот од Торино моментално е петти на табелата во Серија А, а до крајот а сезоната останаа уште три тешки натпревари.
Јувентус до крајот на сезоната игра против Сасуоло, Интер и Болоња.