Дома Фудбал Останато Пиоли: Не ја потценив Звезда, го избрав најдобриот состав

Пиоли: Не ја потценив Звезда, го избрав најдобриот состав

За тренерот на Милан Стефано Пиоли резултатот 2:2 во Белград против Звезда е добар, иако неговио тим остана без победата во судиското продолжение.

Имаа „росонерите“ водство и играч повеќе во завршницата од првиот натпревар во 1/16 финалето од Лигата на Европа, но Милан Павков во 93. минута донесе реми на тимот од Белград.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На прашањето од новинарите дали ги потценил црвено-белите со тоа што Златан Ибрахимовиќ беше на клупата, Пиоли одговори:

„Апсолутно не! Не погрешив, го избрав најдобриот состав и остваривме добар резултат. Секако дека сакавме да победиме ќе се обидеме да бидеме подобри во вториот натпревар“.

„Не бевме пасивни, но погрешивме во некои одлуки. Павков на крајот беше подобар во скокот од моите играчи и постигна гол. Не победивме, но веќе размислуваме за наредниот натпревар“, изјави Пиоли.

Реваншот Милан и Звезда ќе го играат следниот четврток на „Сан Сиро, до тогаш во недела Милан ќе го игра дербито со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави видео од бесниот Алегри во дербито: Никој да не кажал ниту збор! (Видео)

Италијанските медиуми сѐ повеќе ја испитуваат улогата на Рафаел Леао во Милан, прашувајќи …