Дома Фудбал Останато Пикси: Добивме тешка група, но Србија не се плаши од никого

Пикси: Добивме тешка група, но Србија не се плаши од никого

Репрезентацијата на Србија вчера ги доби противниците за групната фаза од Мундијалот во Катар, а ждрепката сакаше како и на Светското првенство во 2017 повторно да бидат во група со Швајцарија и Бразил.

Немаа лесен ждреб Србите, покрај Швајцарија и Бразил кои се силни репрезентации тука е и Камерун.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Групната фаза ќе биде мини-турнир од три натпревари и ќе мораме да играме на највисоко ниво. Групата е тешка, но едно е сигурно – Србија не се плаши од никого. Сакавме ваков предизвик и верувам дека ќе одговориме на вистинск иначин. Мило ми е што ќе играме со Бразил, сите знаеме дека оваа земја е синоним за фудбал, па ајде да видиме до каде сме и колку можеме да им се спротиставиме“, изјави Стојковиќ.

Првиот натпревар на Мундијалот Србија го игра токму против Бразил на 24 ноември, четири дена подоцна ги чека дуел со Камерун, а за крај на групната фаза ќе се сретнат со Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…