Зинедин Зидан освои две титули во ЛШ, но столчето му се разниша после дебаклот во „Ел Класико“. Шпанските медиуми тврдат дека Французинот наскоро би можел да добие отказ од Реал Мадрид.
Иако освои 5 трофеи со „кралевите“ во тековата сезона – Примера, шпански Суперкуп, Лига на шампиони, европски Суперкуп и Светско клупско првенство – Французинот се наоѓа во многу деликатна ситуација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дон Балон“ тврди дека Флорентино Перез само го чека следниот кикс за да му се заблагодарни на Зидан, а наводно е познат и неговиот наследнил. Станува збор за тренер кој им е добро познат на „кралевите“.
Тоа е Карло Анчелоти, моментално најпосакуваниот слободен тренер на пазарот. Италијанецот се поврзуваше со многу гиганти и репрезентации откако доби отказ во Минхен, но ги одби сите понуди.
Анчелоти успешно го водеше „кралскиот“ клуб од 2013 до 2015 година и не крие дека се уште гаи љубов кон Реал Мадрид. Италијанецот од 119 официјални натпревари на клупата на Реал запиша 89 победи, 14 ремија и 16 порази, притоа ја освои и Лигата на шампиони.
Искусниот стратег сигурно нема да може да му каже НЕ на „кралскиот“ клуб, а „Дон Балон“ тврди дека Перез одличил токму Анчелоти да биде замената за Зидан.