Легендарниот шпански стручњак Пеп Гвардиола успешно ја започна својата деветта сезона во Премиер лигата на клупата на Манчестер Сити.
Шампионот на Англија како гости го совлада Челзи со 2:0, со головите на Халанд и Ковачиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ние ја имаме таа предност, ова е наша деветта сезона заедно, така што многу добро се познаваме. Се разбира, има грешки кои треба да се поправат, но ние зборуваме за тоа.
Разликата меѓу шампионите и другите е нашиот говор на телото и како се однесуваме. Тешките моменти и тешките натпревари и реакциите на нив дефинираат голем тим. Горд сум што ги водам овие момци. Имам многу среќа, немам што друго да додадам“.
Шпанецот додаде дека тимот е далеку од вистинската форма, но дека трите бода од Лондон се добра вест.
Сити во второто коло ќе биде домаќин на Ипсвич.