Крилниот напаѓач на Челзи, Педро, чиј договор истекува ова лето проговори за својата иднина.
Педро откри дека има многу понуди, но се уште не донел конечна одлука бидејќи не разговарал со Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ситуацијата со коронавирусот влијае на се, па сега чекам средба со раководството на Челзи. Знам дека договорот истекува, но се уште не разговаравме дали ќе биде продолжен. Со нетрпение очекувам да го видам ставот на клубот, но и отворен сум за други понуди“.
„Во меѓувреме, имам за цел да го исполнам договорот до крај. Имам многу понуди од различни места и ќе размислам што да правам следно. Вистината е, не знам што ќе се случи во иднина“, изјави Педро.
Англиските медиуми тврдат дека Челзи нема да му понуди нов договор на Шпанецот и дека најсилен интерес за него покажува Рома.
Pedro: "I’m waiting for the meeting with the club, but am also open to listening to other offers" https://t.co/UMXGvIw7Q1
— The Blue Stands (@TheBlue_Stands) May 3, 2020