Партнерката на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез откри дека сите сопруги на аргентинските фудбалери се договориле да имаат посебен спомен ако Аргентина го освои Светското првенство.
Сопругите и девојките на аргентинските фудбалери по победата во полуфиналето против Хрватска на вечера во шпански ресторан во Доха се договориле да направат тетоважа ако „гаучосите“ станат Светски шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите се согласивме да направиме тетоважа со која би го обележиле историскиот момент. Конечниот изглед на тетоважата не го одлучивме.
Разговаравме, некои сакаат тоа да биде пехарот, други датумот, трети нешто на арапски…Како и да е сигурно ќе биде нешто, имаше повеќе идеи“, откри Мури Лопез, партнерката на Лисандро Мартинез.