Дома Фудбал Парада на младинците во Орландо, Сити и Барселона завршија со пенали!

Парада на младинците во Орландо, Сити и Барселона завршија со пенали!

Трет пораз на Сити на гостувањето во Америка. Поточно, ремизираа против Барселона во Орландо, но промашија два од три пенали, па на крајот неважната победа им припадна на Каталонците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барса поведе откако Пау Виктор го совлада Едерсон, но со брилијантниот гол на младиот Ник О’Рајли Сити дојде до израмнување. Барса повторно поведе пред полувремето, стрелец беше Пабло Торе, а на крајот Џек Грилиш го одведе натпреварот во пенали.

Во тимот на Сити се појави и Џејден Хески, синот на поранешниот репрезентативец Емил. Многу млади играчи беа на сцената во Сити, се очекува да добијат шанса следната сезона во куп натпреварите.

Инаку, Халанд постигна чист гол во воведните 15 минути од натпреварот, топката ја мина гол линијата, но немаше видео технологија за потврда, па во тој момент остана 0:0.

Во досегашните подготовки Сити загуби од Милан и Селтик, им останува уште еден натпревар во Америка, дуелот со Челзи викендов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер договори засилување, ќе плати 50 милиони евра за репрезентативец на Италија!

Интер веќе ги усогласи личните услови со 21-годишниот фудбалер. Како ПАМЕТНО да типувате н…