Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Дарко Панчев со златни букви ќе биде запишан во историјата на Црвена Звезда.
Панчев го постигна одлучувачкиот гол од пенал за освојување на Лигата на шампиони, а истата година стана и „Златна копачна“ на Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Панчев во интервју за српските медиуми откри дека кога го напуштал Вардар имал понуди од најголемите клубови во Југославија, но го послушал срцето и ја избрал Црвена Звезда.
„Не е тајна дека ме бараа сите тимови од големата четворка. Хајдук ми понуди најдобри услови. Морам да признаам дека челниците на Партизан навистина се трудеа да ме доведат во Хумска. Сепак, одлучи тоа што сите во мојата фамилија навивавме за Вардар и Звезда. Значи, одлучи срцето“, открива Панчев за српски „Новости“.
„За мене тогаш Црвена Звезда преставуваше сон, како и за секој друг фудбалер. Мене сонот ми се исполни бидејќи беше привилегија да го носиш црвено-белиот дрес. Да играш пред преполна Маракана пред навистина феноменални навивачи“.
Панчев нагласи дека своевремено го барале Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед, но тој заврши во Интер и направи голема грешка.
„Тогашниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Мендоз два пати доаѓаше во Белград за да ме ангажира. Вистина е дека ме бараше и Барселона. Ме бараше и Алекс Фергусон кој изрази голама желба да ме доведе. Тоа не е никаква тајна“, открива Дарко Панчев.