Македонската фудбалска репрезентација вчера ги доби противниците за квалификациите за Мундијалот во 2022 година.
Македонија за прв пат во историјата ќе игра против Германија во едни квалификации, па тие натпревари секако ќе предизвикаат најголемо внимание.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев не крие дека има голема желба да игра против Германија во Скопје пред полни трибини.
„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација ја чека настап на Европското првенство и шанса за добри квалификации и напад на второто место во групата“, изјави Пандев.