Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Ангеловски ме врати во репрезентација, бев отсутен затоа што некои работи не ми се допаѓаа

Пандев: Ангеловски ме врати во репрезентација, бев отсутен затоа што некои работи не ми се допаѓаа

Денес се одржа редовната прес-конференција во пресрет на натпреварот на Македонија против Летонија која ќе биде посебен за македонската фудбалска икона Горан Пандев.

Капитенот на нашата репрезентација утре ќе го одигра 100-тиот натпревар во националниот дрес. На денешната конференција тој го истакна селекторот Ангеловски како еден од најзаслужните што ќе има прилика да го прослави овој јубилеј.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пандев скоро две години не беше дел од националните тим, но Ангеловски кога седна на селекторското столче го убеди да се врати.

„Точно, еден период не бев дел од репрезентацијата. Тогаш сакав да покажам дека некои работи не ми се допаѓаат. Едноставно не можеме да тренираме на ливади. Со тоа откажување сакав да испратам порака дека фудбалерите кои ја претставуваат земјата не се доволно ценети и дека заслужуваат повеќе“.

„Слободно можам да кажам дека селекторот Ангеловски е најзаслужниот човек што сум денес дел од репрезентацијата. Дојде кај мене во Италија, разговаравме и ми ги покажа неговите планови кои мене ми се допаднаа. Доколку тој не беше селектор, не знам ќе го дочекав овој јубилеј. Во последните две години работиме добро и можам да го истакнам ремито со Италија на гости, тоа не е мала работа“.

„Јас сум пред крајот на мојата кариера и веќе размислувам и за пензија. Пред тоа сакам да бидам дел од едно големо натпреварување со репрезентацијата. Се надевам дека ќе успееме во таа цел“, изјави Пандев на денешната конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

На „Комити“ им било јасно кажано: Миленко мора да биде во клубот – во спротивно клубот нема да постои!

„Комити“ денеска ја одржаа најавената прес-конференција на која објаснија како стојат рабо…