Пред скоро шест години беше херој на Германија, сите го славеа поради асистенцијата во финалето на Мундијалот во Бразил, а денес Андре Шурле е фудбалер кој малку кој го сака.
Неговиот пад започна во Борусија, продолжи во Фулам, за дното да го допре во Москва бидејќи раководството на Спартак се откажа од намерата да го откупи неговиот договор. Ќе го врати назад во Борусија која не знае што ќе прави со него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на клубот од Москва му соопшти на Шурле дека не ги исполнил очекувањата и дека нема да ја искористат опцијата да го откупат. Минатата година платија еден милион евра за едногодишна позајмица и имаа можност за седум милиони евра да го откупат во целост договорот. Сепак, Шурле на 18 натпревари пред почетокот на пандемијата не ги убеди луѓето во клубот дека е вреден да ризикуваат.
„Се согласивме да не ја искористиме опцијата за откуп на договорот на Шурле и да не го купиме. Тој е понатаму е исклучителен фудбалер, чие искуство помогна во развојот на нашиот млад тим“, изјави Томац Корн, спортскиот директор на рускиот премиерлигаш.
На таа одлука влијаеше слабиот учинок од само еден гол и две асистенци иво првенството, исто толку и во квалификациите за Лига Европа. Освен тоа Шурле имаше здравстени проблеми. Прво прележи бронхитис, а кон крајот на февруари се повреди и не беше во комбинација за последните три лигашки натпревари.
Но, уште во Фулам можеше да се забележи дека Шурле повеќе не е блиску до оној играч до кој некогаш беше. Се мачеше, топката не го слушаше, изгледаше изморено, често пати имаше проблеми со повредите…
„Билд“ сега пишува дека Борусија не го сака назад ниту на тренинзите и ќе направат се за што побрзо да се ослободат од него кога ќе се врати.