Дома Фудбал Германија И Борусија знае да погреши: Го купија за 32 милиони евра, сега го продаваат за два

И Борусија знае да погреши: Го купија за 32 милиони евра, сега го продаваат за два

Борусија Дортмунд важи за тим кој исклучително добро работи на трансфер пазарот и сведоци сме биле како купиле голем број играчи за мали пари, а потоа истите ги продале скапо.

Тука е примерот на Осман Дембеле кој го плати 20, а на Барса и го продадоа за 110 милиони евра. Нешто слично ќе биде и со Џejдон Санчо кој се очекува да замине ова лето и тоа за сума не помала од 100 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак и тие како и секој други тим, па и човек знаат да погрешат. Едно од ретките промашувања на „милионерите“ е Андре Шурле.

Шурле играше во Волвфсбург кога во 2016 година премина во Борусија за 32 милиони евра. Меѓутоа во Дортмунд скоро и да не покажа ништо па беше испраќан на позајмици во Фулам и Спартак Москва.

Сега „милионерите“ за само да се ослободат од неговите услуги бараат два милиони евра. Ќе потсетиме, Шурле беше еден од најзалужните за светската титула на Германија во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Проблем за Саутгејт: Англија остана без еден голман за Европското првенство

Голманот на Кристал Палас, Сем Џонстон нема да може да конкурира за репрезентацијата на Ан…