Дома Фудбал Италија Пандев: Мурињо ги промени моите преспективи, Шева е шампион

Пандев: Мурињо ги промени моите преспективи, Шева е шампион

Пред утрешниот натпревар помеѓу Џенова и Рома во центарот на вниманието се најде Горан Пандев.

Овој натпревар ќе биде посебен за Пандев затоа што за првпат во кариерата ќе игра против Жозе Мурињо. Пред натпреварот Пандев разговараше со познатиот италијански новинар на „Скај“, Џанлука Ди Марцио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мурињо ги промени моите преспективни. Кога се разделив од Лацио ме побара и ме праша дали сакам да се преселам во Интер, тимот кој ме доведе во Италија. За мене тоа изгледаше како сон. Последниве денови не сме слушнале, но постојано сме во комуникација во групниот разговор со играчите на Интер со кои освоивме триплета“.

Андреј Шевченко неодамна седна на клупата на Џенова.

„Доаѓањето на Шева тука е важен знак за амбициозен тим. Станува збор за човек кој е шампион, со Украина беше одличен на Европското првенство. Верувам дека неговото доаѓање ќе биде позитивно за нас“.

На крајот Пандев и потврди дека ја игра својата последна сезона.

„Да, ја играм последната сезона како фудбалер. Завршувам со играње во јуни“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…