Дома Фудбал Италија „Падна“ нов тренерски отказ во Серија А

„Падна“ нов тренерски отказ во Серија А

Во изминатиот викенд падна нов отказ во италијанската Серија А, Сампдорија го отпушти Марко Џампаоло кој веднаш беше отпуштен по поразот од Монца од 0:3.

За Монца ова беше втора победа во сезоната, откако првата ја остварија изненадувачки против Јувентус. Од друга страна Сампдорија очајно ја започна сезоната и после осум кола имаа шест порази и два нерешени резултати што секако не се поклопува со амбициите на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џампаоло во клубот дојде во јануари и за него ова беше втор мандат во Сампдорија, меѓутоа очигледно не се прослави. Во првиот беше далеку подобар и се задржа три сезона од 2016 до 2019 година.

Во кариерата тој ги водеше уште Торино, Милан, Емполи, Бреша, Каљари, Сиена, Катанија, Асколи и Кремонезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…