Дома Фудбал Италија Падна договор: Шчесни останува во Јувентус до 2024

Падна договор: Шчесни останува во Јувентус до 2024

Како што објавија италијанските медиуми, Шчесни и Јувентус постигнале договор, па наскоро голманот ќе ја продолжи верноста со „старата дама“.

Шчесни ќе потпише договор до 2024 година според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој од 2017 година е во Јувентус, а откако си замина Џиџи Буфон во ПСЖ стана прв голман на „бјанконерите“ и е одличен меѓу стативите.

Во тековната сезона тој има 16 настапи на голот на Јуве. Десет од нив се во Серија А, пет во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Италија.

Раководството е задоволно од неговите настапи и со новиот договор сака долгорочно да го задржи во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…