Дома Трансфер зона Официјално: Јувентус го продаде Кин на начин на кој нема да им се допадне на навивачите

Официјално: Јувентус го продаде Кин на начин на кој нема да им се допадне на навивачите

Моис Кин иако во минатата сезона одигра неколку одлични натпревари и го привлече вниманието во наредната сезона нема да настапува за Јувентус.

Наредната дестинација на младиот фудбалер ќе биде Премиер лигата и Евертон. Клубот од „Гудисон Парк“ денес официјално го потврди трансферот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Утрово фудбалерот ги помина прегледите во Евертон после што следеше потпис на договор од три години.

Јувентус од продажбата на италијанскиот репрезентативец ќе добие фиксни 30 милиони евра, а уште 10 сметката на клубот од Торино можат да „легнат“ преку бонуси.

Без оглед на тоа што Кин има само 19 години тој стана репрезентативец на Италија во сениорска конкуренција и на три натпревари постигна два гола.

За Јувентус минатата сезона на 17 натпревари постигна седум гола.

Се најавуваше дека Јувентус во договорот на Кин ќе има опција да го врати во клубот, но официјално засега такви информации нема и тоа не е добра информација за навивачите на „старата дама“ кои не сакаа клубот да се откаже од младиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…