Тимот на Шкендија во своите редови го врати играчот кој го напушти клубот пред пет месеци, Фазли.
На 10-ти јуни Фазли ја напушти Шкендија после една сезона во таборот на црвено-црните во која ја освои шампионската титула.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Фазли на претставувањети истакна големо задоволство што се враќа во редовите на Шкендија.
„Среќен сум што сум повторно во Шкендија. Верувам дека и покрај послабиот старт можеме да стигнеме до титулата, овој тим има квалитет. Позната ми е средината и не ми е потребно прилагодување“, изјави Фазли за официјалниот сајт на клубот од Тетово.
Фото: КФ Шкендија