Рос Баркли го напушти Челзи и остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Астон Вила.
Овој 26 годишник не беше во сериозни планови кај Френк Лампард, па клубот се реши да го испрати на позајмица. Изборот падна на Вила каде што ќе игра во наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баркли секако ќе претставува големо засилување за тимот од Бирмингем бидејќи се работи з аодличен фудбалер кој собра и 33 настапи за репрезентацијата на Англија.
Баркли во Челзи дојде во јануари 2018 година од Евертон и од тогаш настапи на 52 натпревари.
Сепак со доаѓањето на бројните засилување тој го изгуби местото во екипата. Во Вила од друга страна не би требало да има проблем да го пронајде своето место.