Дома Фудбал Англија Официјално: Фил Џон стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед

Официјално: Фил Џон стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед

Стоперот на Манчестер Јунајтед Фил Џонс потпиша нов договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Новиот договор на стоперот со Јунајтед ќе има важност до јуни 2023 година.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во последните неколку месеци многу се шпекулираше за тоа дека Џонс може да го напушти клубот, но во управата не мислеа така.

„Среќен сум што потпишав нов договор. Манчестер Јунајтед секогаш беше дел од мојот живот и тука сум веќе осум години. Возбуден сум поради предизвиците кои се пред нас, се припремаме за најважниот дел од сезоната. Би сакал да им се заблагодарам на Оле и членовите на стручниот штаб“, порача Џонс кој во клубот пристигна во 2011 година од Блекбурн.

Сега како приоритет на Јунајтед останува голманот Давид Де Геа да го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историски преседан во Лигата на шампиони, додека 43 земји немаат претставник, Англија ќе има дури 6!

Едно од најслабите финалиња на европските натпревари се одигра синоќа во Билбао, каде што …