Дома Фудбал Официјално: Стефано Пиоли замина во Саудиска Арабија

Официјално: Стефано Пиоли замина во Саудиска Арабија

Италијанскиот фудбалски стручњак Стефано Пиоли (58) е новиот тренер на Саудиска Ал Наср.

На кормилото на Ал Наср, Пиоли ќе го наследи португалскиот тренер Луис Кастро (63), кој доби отказ по лошиот старт на сезоната.

Португалецот го презеде клубот минатиот јули, но не успеа да ја освои шампионската титула. Ал Наср заврши на второто место зад Ал Хилал.

По три кола од новата сезона тој е на седмото место со една победа, што беше доволно да му врачи отказ на португалскиот тренер.

Од 2019 до 2024 година, Пиоли го водеше Милан, со кој го освои Скудетото во 2022 година. Беше тренер и на Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Киево, Пјаченца…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд сруши рекорд на Ибрахимовиќ и тоа со 66 натпревари помалку

Ерлинг Халанд од натпревар во натпревар продолжува да ги поставува новите стандарди и да г…