Дома Топ вести Официјално: Пјаниќ е нов играч на Бешикташ

Официјално: Пјаниќ е нов играч на Бешикташ

Mиралем Пјаниќ и официјално вчера вечер стана нов играч на Бешикташ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нешто пред полноќ турскиот клуб го потврди трансферот. Во Бешикташ Пјаниќ пристигнува на едногодишна позајмица. На Барселона за тој период ќе и платат 2.7 милиони евра.

Двата клуба се договорија во период од само неколку часа, а Пјаниќ лекарските прегледи ги заврши во друштво на поранешниот фудбалер на Бешикташ, Душко Тошиќ после што се упати на потпис на договорот.

Во кариерата Пјаниќ до сега играше за Мец, Лион, Рома, Јувентус и Барселона каде што баш и не се изнаигра.

Беше блиску до враќање во Јувентус во преодниот рок, меѓутоа двете страни не се договорија, па сега заврши во Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…