Дома Останати Официјално: Познато каде и кога ќе се бори Кабиб со Фергусон!

Официјално: Познато каде и кога ќе се бори Кабиб со Фергусон!

УФЦ шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов повторно ќе ја брани титулата во април 2020 година.

Кабиб титулата ќе ја брани на 18-ти април наредната година во Бруклин, а како и што се очекуваше противник ќе му биде Тони Фергусон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа вест на Твитер ја потврди менаџерот на Кабиб, Али Абделазиз кој истакна дека Кабиб ставил потпис на оваа борба.

Така Кабиб и Тони конечно би требало да се најдат во октагон. Нивните борби поради повреди претходно четири пати беа откажувани.

Многумина веруваат дека токму Фергусон би можел да го сруши непобедливиот Дагестанец (28:0). Фергусон во овој момент е во серија од 12 победи со скор од 25:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…