Дома Фудбал Останато Официјално: Нејмар и друштвото имаат нов тренер!

Официјално: Нејмар и друштвото имаат нов тренер!

Веќе од поодамна некое време беше познато дека Унаи Емери на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен, а подолг период се шпекулираше за неговиот наследник.

Сега повеќе нема дилеми, стигна и официјална потврда од клубот – Томас Тухел ќе биде новиот тренер на скапоцениот тим на „светците“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тухел со ПСЖ потпишува договор на две години, а на „Паркот на принцовите“ се надеваат дека Германецот конечно може да ја одведе екипата до европскиот трон.

Германецот во својата досегашна тренерска кариера ги водеше екипите на Аугусбург, Мајнц и Борусија Дортмунд.

Отказ од редовите на „милионерите“ заработи минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…