Она што се најавуваше изминативе денови, денес доби официјална потврда. Хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац го напушти тимот на Металург.
Левиот бек ја прифатил понудата на Нексе за двегодишен договор, а македонскиот вицешампион ќе добие оштета, која неофицијално изнесува околу 100 илјади евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јагањац во сабота против Татран Прешов веројатно ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Металург во дуел од СЕХА лигата, иако од тимот посакале да остане барем до завршувањето на натпреварите во Лигата на шампионите.
Јагањац пристигна во Металург во 2017 година од вториот тим на ПСЖ, а под водство на Лино Червар стана еден од најдобрите млади ракометари во Европа.