Дома Фудбал Фантастична асистенција на Арда Ѓулер ја доближи Турција до светскиот сон

Фантастична асистенција на Арда Ѓулер ја доближи Турција до светскиот сон

Турција е на чекор поблиску до посакуваното учество на Светското првенство 2026, откако ја победи Романија со 1:0 во балканското дерби од најраниот плејоф за денот. Единствениот гол го постигна Ферди Кадиоглу во 53. минута, по фантастична асистенција на Арда Ѓулер. Нашите јужни соседи беа подобриот тим и заслужено го добија важниот натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така тимот на Винченцо Монтела продолжува напред и ќе ја предизвика за квота за Светското со победникот меѓу Словачка или Косово во одлучувачкиот финален плејофен натпревар на 31 март. Турците ќе бидат гости, а со нов успех, 22 години подоцна, ќе бидат дел од Светското првенство и ќе се најдат во групата “Д”, каде што се уште домаќините САД, Парагвај и Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија: Почина фудбалер кој играше на Светското првенство

Џејден Адамс, играчот од средината на теренот на Мамелоди Сандаунс и репрезентацијата на Ј…