Сезоната во Премиер лигата заврши, па клубовите почнаа да селат откази. Раководството на Евертон денес потврди дека се раздели со тренерот Сем Алардајс.
Во клупското соопштение Евертон му се заблагодари на Алaрдајс за неговата работа во клубот, но исто така појасни дека тој не бил дел од нивните долгорочни планови за во иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакам да му се заблагодарам на Сем за работата која ја заврши во Евертон во претходните седум месеци. Сем беше донесен во доста чувствутелен период минатата сезона за да ни донесе стабилност, а ние му благодариме што го стори тоа“.
Според првите најави, нов тренер на Евертон би требало да биде Марко Силва, кој оваа сезона беше на кормилото на Ватфорд. „Карамелите“ и минатата година го сакаа Португалецот, па сега конечно ќе го донесат на кормилото.