Дома Фудбал Останато Официјално: „Видео-судија“ ќе се користи на СП во Русија!

Официјално: „Видео-судија“ ќе се користи на СП во Русија!

Претседателот на Светскаат фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино потврди дека видео-технологијата ќе се користи на натпреварите на Светското првенство во Русија, следната година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Видео-технологијата која вклучува дополнителни судии на стадионот се покажа како многу добра и ФИФА одлучи на Мундијалот во Русија да ја користи при спорни моменти и со тоа да ја зголеми регуларноста на средбите.

„Ќе ја користиме новата технологија на СП во Русија. Нема причини тоа да не се случи, кога имаме позитивни искуства од досегашните тестирања“, истакна Инфантино.

„Видео-судијата“ на неколкуте тестирања се покажа како перфектен. За време на пријателскиот натпревар меѓу Франција и Шпанија во март, на Французите оправдано им беше поништен гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историски дуел во Тексас: Халанд ја предизвикува “Слоновата армија” која сонува за африканско чудо!

Дојдовме до елиминациона фаза на Светското првенство, а 30 јуни и 1 јули се резервирани за…