Мирјета Бајрамовска по три години се враќа во Македонија и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Вардар.
32-годишната Бајрамовска договори едногодишна соработка со македонскиот шампион, а во „Јане Сандански“ доаѓа од Крим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Заемниот интерес за соработка е клучот на мојата одлука да потпишам за Вардар, а можеби и тука да ја завршам кариера. Секој спортист сака да биде првак на Европа и да ја освои Лигата на шампионите, а тоа може само со неколку клубови во Европа, а меѓу нив е Вардар. Уште поголем императив е со македонски клуб да се борам за титулата во ЛШ, и би сакала и јас да дадам свој придонес во тоа. Секогаш сакам да бидам во клуб каде професионализмот е на прво место, и кога секој си ги извршува задачите, резултатите се неизбежни. Инфраструктурата и условите што ги има Вардар се најдобри во Европа. Сакам да се заблагодарам на менаџерскиот тим на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко за укажаната доверба за која максимално ќе се посветам да ја оправдам со моите настапи“, изјави Мирјета Бајрамовска за клупската интернет страница.